600 гр јунешко месо сечено на коцки (речи му на продавачот ќе го исече).
5 моркови средни,
1 тиквица,
10 компири помали (малку поголеми од јајце),
3 чешниња лук сецкани,
3 мали кромитчиња цели,
1/2 китка магдонос миен и сецкан,
1 лажица вегета,
1/2 лажиче сол,
1/5 лажиче ким мелен,
1/5 лажиче бибер,
Месото се става во лонецот без капакот да зоврие со 1/3 од лонецот вода .
Со кутлачка се вади пената.
Потоа се затвора со капакот од лонецот и се остава да врие(15 мин откако ќе почне да шишти ).
Се исклучува ринглата(ќе врие уште 10-15 мин и ќе престане да шишти).
Важно:
Не смее да се отвора додека не се сврти црното на капакот на ф т.е 0 и не престане да испушта пареа.
Ако сакаш побрзо да се излади и побрзо да ја испушти пареата се става лонецот во умивалник и се пушта чешмата да тече на него.
Додека врие и додека се лади се лупат и сецкаат морковите,компирите и лукот и се додаваат другите зачини.
Се додава вода да биде над зеленчукот околу 2-3 см но да не ја надминува ознаката максимум,или околу 3/4 од лонецот и се остава да врие околу 15 мин откако ќе почне да шишти.
Се исклучува и се остава на рингла да престане да шишти и да се олади
Обавезно црното над капакот да се сврти на 0,а црвеното малечко да биде спуштено доле(Кога врие тоа е горе и подзинато).
