Материјал:
1/2 кг мелено мешано месо (свинско и јунешко),
1,5 кг модри патлиџани,
1/3 кг кечап,
1/2 чаша ориз,
1 кромид,
зачини (оригано,црвен пипер,бибер ,сол,мешан сув зачин).
Се потпекуваат модри патлиџани така што се лупат патлиџаните,се сечат на кришки по должина и се посолуваат.Стојат така да ја пуштат темната течност и се редат на хартија за печење;се потураат со малку зејтин и се потпекуваат да омекнат.
Уште полесно и подобро е ако се потури со зејтин тепсија и во неа се редат модрите патлиџани така што прво се ставаат на зејтинот од едната страна а потоа се превртуваат од другата страна и се става тепсијата во рерна на 200 степени да омекнат патлиџаните.
Во тава се става зејтин и сецкан кромид и се пржи малку ,а потоа се додава месото ,оризот,кечапот и зачините.
Се динста околу десет минути .
Потоа во подлабока тепсија бр 28 се редат пола од приготвените патлиџани.Врз нив се истура приготвеното месо а од горе се редат останатите патлиџани.
Се додава вода да ги прекрие малку патлиџаните и се пече околу 45 минути на 200 степени.