Thursday, February 15, 2024

Солен колач во мал калап

 

Потребно е:

1 јајце ,

50 мл зејтин,

240 мл кисело млеко,

180 гр бело брашно,

120 гр гриз,

1 пециво,

50 гр шункова салама,

50 гр сирење,

2 кисели краставички и

1 кисела црвена пиперка.

Се мати јајцето со миксер.

Се намалува брзината , се додаваат зејтинот и киселото млеко и малку се мати.

Се додаваат последователно останатите состојки матејќи со маталка.

(може само малку на крај да се мати со миксер)

Од горе по желба може сусам.

Се пече 35-40 мин на 180 степени.

Wednesday, January 3, 2024

Кифлици

 1 кг брашно,

1/2 мл млако млеко (од него малку се става со квасец за да стаса квасецот со 1 лажица шекер и 1 лажица брашно),

15 лажици зејтин, 

2 лажици шекер, 

1 лажица сол и 

едно јајце. 

Се замесува тесто кое се удара ( крени спушти 50 пати). 

Се покрива со чаршав и се остава да надојде додека се удвостручи. 

Се премесува и се вадат парчиња од кои се прават топчиња (околу 50 ќе има) 

Од секое се расукува коричка колку тацна, се става фил (обично сирење помешано со јајца или се премачкуваат со путер) и се завиткуваат кифлици кои се ставаат во

плех обложен со хартија или премачкан со зејтин. 

Се печат околу 23 минути на 200 степени. 

Погачици со сусам

 Потребно е:

1 кг брашно, 

2 квасца, 

600 мл млеко, 

3 лажици шекер, 

1 лажица сол и

9 лажици зејтин. 

Се замесува тесто, се покрива  ванглата и се остава да кисне додека се удвои волуменот. 

Се расукува кора 1, 5 см дебела и се вадат со чашка погачици.

Се премачкуваат со жолчка и сусам и се печат во плех обложен со хартија или подмачкан со зејтин и попрскан со брашно околу 25 минути на 200 степени. 

Tuesday, January 2, 2024

Селско месо

 1) Ситно сецкано месо (1/2 кг свинско  +1/2 кг јунешко) се пропржува во зејтин и потоа му се додава 1/2 чаша бело вино.

Тоа се динста додека да испари виното. Се додава малку сол. 

2) Пропрженото месо се вади од тенџерето и се ставаат во тенџерето 2 главици исечкан кромид кој се пропржува малку. 

Потоа се додаваат печурките и после мало пропржување се додава 1 чаша бело вино. Тоа се динста додека да подиспари виното.

3) Во смесата ( кромид + печурки) се враќа пропрженото месо и се меша.

Му се додаваат 2 супени лажици брашно, 1 супена лажица црвен пипер и една супена лажица буковец. 

Ова се прелива со 1 до 1,5 чаша ладна вода и се ова крчка околу 10 мин. 

4) На крај смесата се става во земјена тава, се додава сос од патлиџани и се' ова крчка во релна околу 1/2 саат. 

Се вади од релната, се промешува и се реди од горна страна со кашкавал. 

Се враќа во релна уште 10 до 15 мин. 

Се служи со шпагети или пире. 

Friday, April 1, 2022

Колач со спанаќ (голем)

6 јајца (прво се матат белките),

200 мл зејтин,

250 мл јогурт,

1,5 чаша од кисело млеко брашно помешано со 1,5 прашок за пециво,

250 гр сирење,

2кг спанаќ (исчистен обарен и исцеден во метална цедалка,а потоа кога ќе се излади исецкан).

Се меша по наведениот редослед,а потоа се пече на 200 степени во плех од шпорет обложен со хартија за печење , 40-45 минути.

Thursday, March 3, 2022

ПРЖЕНА УРДА СО ЈАЈЦА

Се кршат јајца (може по едно за секој ).

Се матат ,се додава урда и убаво се измешува.

Се истура во тава со загреан зејтин и се пржи .

Пред служење се додава јогурт и се измешува.

Со додавање на јогурт нема да се запира урдата.

Saturday, February 12, 2022

КОМПИР МАНЏА

За компир манџа треба да се свари месо кртина околу пола килограм со малку сол.

Треба да се вари додека омекне повеќе од саат ипол .Потоа се додаваат сецкани компири и моркови и се вари додека не омекнат.

Во тава се пропржува кромид и по кратко време може да му се додаде пиперка сецкана и пак се пржи уште малку ,а потоа се додава црвен пипер 1 лажиче и веднаш се истура кај месото со компири.

Се додаваат и зачини пр.сол, магдонос,вегета лук,бибер,ким (мелен) а може и 1 лажица брашно изматено во 1 шољичка вода.

При крај се додава и една шољичка кечап.

Се вари уште малку и на здравје се разбира.