Wednesday, July 29, 2020

Полнети модри патлиџани

Потрбно е:
1/2 кг мешано мелено месо
100 гр ориз,
1 кромид,
3 чешниња лук,
2 зелени пиперки,
2 моркови,
6 -8 модри патлиџани ( зависно од големината),
кечап,магдонос,бибер,црвен пипер,сол и
 сув зачин по желба.

Се сечат по должина модрите патлиџани и се издлабуваат.Внатрешноста се сецка и се посолува.
Се сецкаат кромидот и лукот и се запржуваат.Се додаваат сецкани пиперки и рендани моркови,малку се пропржуваат и се додава меленото месо и исцедена внатрешност од модрите патлиџани.
Се пропржува додека ја промени бојата месото а потоа се додаваат зачините.
Се полнат издлабените патлиџани и се поклопуваат со соодветната половина.
Се редат во пекач и се печат во загреана рерна на 220 степени околу 1 час.