Saturday, February 12, 2022

КОМПИР МАНЏА

За компир манџа треба да се свари месо кртина околу пола килограм со малку сол.

Треба да се вари додека омекне повеќе од саат ипол .Потоа се додаваат сецкани компири и моркови и се вари додека не омекнат.

Во тава се пропржува кромид и по кратко време може да му се додаде пиперка сецкана и пак се пржи уште малку ,а потоа се додава црвен пипер 1 лажиче и веднаш се истура кај месото со компири.

Се додаваат и зачини пр.сол, магдонос,вегета лук,бибер,ким (мелен) а може и 1 лажица брашно изматено во 1 шољичка вода.

При крај се додава и една шољичка кечап.

Се вари уште малку и на здравје се разбира.

Летна манџа во зима.

Во тава се става зејтн ,смрзнати сецкани пиперки  и кечап.Се динста додека омекнат пиперките а потоа  се додаваат матени јајца со малку сол.
Се меша на оган уште малку додека се сварат јајцата.
 
За ова треба порано (кога ги има повеќе) да се стават сецкани пиперки во замрзнувач ,а по вкус може пиперките да се лути.