Tuesday, January 2, 2024

Селско месо

 1) Ситно сецкано месо (1/2 кг свинско  +1/2 кг јунешко) се пропржува во зејтин и потоа му се додава 1/2 чаша бело вино.

Тоа се динста додека да испари виното. Се додава малку сол. 

2) Пропрженото месо се вади од тенџерето и се ставаат во тенџерето 2 главици исечкан кромид кој се пропржува малку. 

Потоа се додаваат печурките и после мало пропржување се додава 1 чаша бело вино. Тоа се динста додека да подиспари виното.

3) Во смесата ( кромид + печурки) се враќа пропрженото месо и се меша.

Му се додаваат 2 супени лажици брашно, 1 супена лажица црвен пипер и една супена лажица буковец. 

Ова се прелива со 1 до 1,5 чаша ладна вода и се ова крчка околу 10 мин. 

4) На крај смесата се става во земјена тава, се додава сос од патлиџани и се' ова крчка во релна околу 1/2 саат. 

Се вади од релната, се промешува и се реди од горна страна со кашкавал. 

Се враќа во релна уште 10 до 15 мин. 

Се служи со шпагети или пире. 

No comments:

Post a Comment