Потребно е:
1 кг брашно,
2 квасца,
600 мл млеко,
3 лажици шекер,
1 лажица сол и
9 лажици зејтин.
Се замесува тесто, се покрива ванглата и се остава да кисне додека се удвои волуменот.
Се расукува кора 1, 5 см дебела и се вадат со чашка погачици.
Се премачкуваат со жолчка и сусам и се печат во плех обложен со хартија или подмачкан со зејтин и попрскан со брашно околу 25 минути на 200 степени.
No comments:
Post a Comment