Се вари јагнешко месо да омекне малку.
Во тенџере на зејтин се пропржува кромид,се додава требен и исплакнат со ситна (да не испаѓаат зрната) голема цедалка ориз и се запржува малку .Може да се додадат ситно сецкани моркови.
Се додаваат зачини по желба ( зачинал,сол,бибер,магдонос ) и се става во тепсија .
Тука се става врела процедена супа во која се варело месото и се става во рерна да се вари.По извесно време кога ќе изврие водата се вади тепсијата ,се додава уште вода и месото и се враќа во рерна додека не омекне оризот.
Monday, April 20, 2020
Супа со кнедли
Во процедена течност во која се варело месо (јагнешко или јунешко со коски ) се ставаат рендани моркови,пашканат,целер и компири (најлесно сецкани со сецко) и се варат малку а потоа се додаваат кнедли од гриз кои се прават на следниот начин:
Се мати со лажица една белка ,и со матење се додаваат жолчката , 5 лажици зејтин ,6 лажици гриз и 1 лажиче вегета.
Се остава малку да се згусне и потоа со мало лажиче се вади од смесата и се спушта во врелата супа.
Се додаваат 2 листа лорбер,бибер, сол,вегета или зачинал .
Врие додека се сварат кнедлите.

Subscribe to:
Posts (Atom)