Monday, April 20, 2020

Супа со кнедли

Во процедена течност во која се варело месо (јагнешко или јунешко со коски ) се ставаат рендани моркови,пашканат,целер и компири (најлесно сецкани со сецко) и се варат малку а потоа се додаваат кнедли од гриз кои се прават на следниот начин:
Се мати со лажица една белка ,и со матење се додаваат жолчката , 5 лажици зејтин ,6 лажици гриз  и 1 лажиче вегета.
Се остава малку да се згусне и потоа со мало лажиче се вади од смесата и се спушта во врелата супа.
Се додаваат 2 листа лорбер,бибер, сол,вегета или зачинал .
Врие додека се сварат кнедлите.

No comments:

Post a Comment