Saturday, October 14, 2017

Брокули со компир

Се вари и пасира 1 кг компири.
Во солена вода се бари 1 брокула ( на цветови).
Во пасираниот компир се додаваат 3 јајца,200 мл павлака,150 гр рендан кашкавал,сол ,бибер и зачини по вкус.
Се сипува во подмачкан пекач половина од смесата со компири.Над тоа се реди процедена брокулата.Потоа се става  втората половина од смесата со компири.
Од горе се ренда кашкавал и се пече на 200 да порумени.

Печени пастрмки

Се чистат и мијат пастмки,
-се редат во плех обложен со хартија,
-се посолуваат од  внатре и
- се печат на 180 степени околу 40 минути.

Ќофтиња во рерна

Се зема 1 кг мелено месо (1/2 кг јунешко месо и 1/2 свинско месо) .
Се додаваат:
2 јајца,
1сецкан кромид,
1 главичка чистен и гмечен лук,
2 lazici brasno, 
2 ренданi морковi, 
магдонос,бибер,сол,мелен ким.
Се меси и се прават плескавици кои се редат во плех на хартија .
Се печат на 200 stepeni ,45 минути.

Kromidot, lukot i morkovot moze da se seckaat vo secko. 

Потпечени тиквици и потпечени модри патлиџани.



1 тиквичка се сече на кругови(може со кора) и се реди  во подмачкана тепсија , или обложена со хартија.

Се мешаат 70 гр кашкавал рендан,100 гр павлака,1 чешне гмечен лук
магдонос,копар,сол.
Се потпекува.

За потпечени модри патлиџани се лупат патлиџаните,се сечат на кришки по должина и се посолуваат.Стојат така да ја пуштат темната течност и се редат на хартија за печење;се потураат со малку зејтин и се потпекуваат да омекнат.
Уште полесно и подобро е ако се потури со зејтин тепсија и во неа се редат модрите патлиџани така што прво се ставаат на зејтинот од едната страна а потоа се превртуваат од другата страна и се става тепсијата во рерна на 200 степени да омекнат патлиџаните.