Saturday, October 14, 2017

Брокули со компир

Се вари и пасира 1 кг компири.
Во солена вода се бари 1 брокула ( на цветови).
Во пасираниот компир се додаваат 3 јајца,200 мл павлака,150 гр рендан кашкавал,сол ,бибер и зачини по вкус.
Се сипува во подмачкан пекач половина од смесата со компири.Над тоа се реди процедена брокулата.Потоа се става  втората половина од смесата со компири.
Од горе се ренда кашкавал и се пече на 200 да порумени.

No comments:

Post a Comment