Thursday, June 14, 2018

Мусака со модри патлиџани

Материјал:
1/2 кг мелено мешано месо (свинско и јунешко),
1,5 кг модри патлиџани,
1/3 кг  кечап,
1/2 чаша ориз,
1 кромид,
зачини (оригано,црвен пипер,бибер ,сол,мешан сув зачин).

Се потпекуваат  модри патлиџани така што се лупат патлиџаните,се сечат на кришки по должина и се посолуваат.Стојат така да ја пуштат темната течност и се редат на хартија за печење;се потураат со малку зејтин и се потпекуваат да омекнат.
Уште полесно и подобро е ако се потури со зејтин тепсија и во неа се редат модрите патлиџани така што прво се ставаат на зејтинот од едната страна а потоа се превртуваат од другата страна и се става тепсијата во рерна на 200 степени да омекнат патлиџаните.

Во тава се става зејтин и сецкан кромид и се пржи малку ,а потоа се додава месото ,оризот,кечапот и зачините.
Се динста околу десет минути .
Потоа во подлабока тепсија бр 28 се редат пола од приготвените патлиџани.Врз нив се истура приготвеното месо а од горе се редат останатите патлиџани.
Се додава вода да ги прекрие малку патлиџаните и се пече околу 45 минути на 200 степени.

Friday, May 25, 2018

Стек во томатело сос



Материјал:

300 гр пилешко бело месо,
1 чешне лук
сол бибер,оригано босилек,
1 јајце,брашно, презли,
2 главици кромид,
2 пиперки,
100 мл нектар томатело сос од патлиџани со оригано и босилек,
тестенина,
путер и кашкавал.

Припрема на месото:

Пилешкиот стек се сече на ситни парчиња и се посипува со ситно сецкан лук.
Во длабока чинија се меша 1 јајце брашно и презли.
Со таа смеса се прелива пилешкото и се става по желба сол и бибер.
Се пече на 180 степени 30 минути.

Припрема на сосот и тестенината:

На јак оган пропржи ситно исецкан кромид и пиперка.Во смесата додај зачин од сув зеленчук и 100 мл томатело сос.
Тестенината  се обарува  во солена вода со неколку капки зејтин и се процедува.
Обарената тестенина се прелива со путер,рендан кашкавал и припремениот сос.

Wednesday, March 28, 2018

Спанаќ во тавче

Се запржува кромид измешан со лук (сецкани во сецко) и се додава 1 лажиче пипер ,а потоа 2-3 чаши вода и  1 мала шољичка ориз.
Тоа врие до омекне малку оризот.
За тоа време се обарува околу 1 кг исчистен спанаќ.Спанаќот се сецка на крупно и се става во тепсија.
Се додваат зачини по желба (сол,ким,бибер,куркума, вегета и слично) и содржината од тенџерето со ориз.
Се меша.
Се пече во рерна околу 1/2 час.
Пред крај може да се прелие со матени јајца,или да се стават цели јајца.

Tuesday, March 27, 2018

Посна пита со зелка-ролати

Се замесува средно тесто со вода,1 лажиче сол,3 лажици зејтин,1 лажица бел оцет,малку стасан квасец и 1/2 кг брашно и се  остава околу половина час да се одмори.
Потоа се земаат по две топчиња , помали од тупаница и се расукуваат колку чинија.
На едно се става зејтин , се размачкува и се попрскува со брашно.
Врз него се става другото и се сучи кора.
Врз неа се става фил (пржена сецкана кисела зелка со малку пипер),се витка во ролат и се става во тепсија со хартија за печење или во подмачкана тепсија.
Од горе пак корите се прскаат со зејтин.
Се пече без да стасува.

Посна пита со зелка

За една тепсија треба:
1/2 кг брашно,
1/2 шољичка зејтин,
1 лажиче сол,
1 лажиче шекер,
1 лажица оцет,
1/2 свеж или 1 сув квасец и
млака вода.
Се замесува тесто и стои 20-30 минути.
Се дели на два дела тестото.
Од секој дел се прават по три топчиња и се расукуваат кори колку чинија.
Се мачкаат со зејтин,се попрскуваат со брашно ,може пченкарно и се ставаат една врз друга.
Исто се прави и со другиот дел.
Од првото се расукува една кружна кора,се премачкува со зејтин и се попрскува со брашно.
Се обележува со нож како кружен прстен , оставајќи колку 1 мала чинија во средина.
Се сече по прстенот на 6 места  , се преклопува и остава на страна.
Исто и со другиот дел.
Се развлекува кора од едниот дел колку плехот и се става на подмачкан плех.Се попрскува со зејтин и се става филот (сецкана -може со сецко, кисела испржена зелка).Зелката може да се меле во машина за месо .
Од другиот дел се прави поголема кора и набрана се става на првиот.
Се прави витка ,се попрскува со зејтин и се пече.

Пита

Се замесува средно тесто од
 1 кг брашно,
12 лажици зејтин,
1 лажица сол,
млако млеко околу 500 мл,
1 јајце  и
1 стасан квасец
(1 свеж квасец стои во 1/2 чаша млако млеко со 1 лажица шекер и 1 лажица брашно додека да нарасне).
Се покрива со чаршав  и кога малку ќе подрасне се вади и се прават топчиња ( поголеми од орев).
Се расукуваат топчињата колку тацна , се мачкаат две  со омекнат путер, а третото не се мачка.Намачканите може да се посипат со малку брашно.
Се ставаат едно врз друго ( од горе е немачканото).
Така направени се расукуваат во поголеми четвртасти кори кои се филуваат со 2-3 лажици фил (1/2 изгмечено сирење помешано со 2 јајца) и се виткаат во ролати кои се редат во плех обложен со хартија за печење.
Се мачкаат со жолчка и посипуваат со сусам.Се стават парченца путер.
Се печат 20-25 мин на 190 степени.

Посно јадење со тиквици и со патлиџани

Во тепсија се става малку зејтин.
Се редат лупени и сечени на кругови тиквици.
Врз нив се редат на кругови исечени црвени патлиџани.
Врз тоа многу магдонос,по малку лук ,сол и меѓу прсти брашно.
Се редат 2-3 слоја  тиквици од горе.
Се додава сосема малку вода.
Се пече на 220 степени околу 30 мин.