Од 800 гр брашно (за голем плех) со малку зејтин, 1 лажица оцет,сол и вода
се замесува тесто.
Се удара околу 40 пати и одмора 1/2 саат.
Се дели на два дела и едниот се остава покриен да не се суши.
Од другиот се прават 12-13 топчиња.
Тие се расукуваат и се мачкаат со мешавина од зејтин и маргарин или путер и се редат едно врз друго (последното не се мачка).
Се прави кора поголема од тепсијата и се става во тепсијата (плехот) обложен со хартија за печење.
Се става фил (пржен праз или обарен спанаќ или пржена зелка со малку кечап ако е пресна или лук со кисело млеко).Од горе другата кора подготвена од оставеното тесто на ист начин.
Се прави витка и се пече околу 1/2 час на 190-200 степени.
Monday, March 2, 2020
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment