Sunday, December 17, 2017

Безглутенски леб

Во вангличка во која ќе се меси (поточно меша) се става вкупно 450 гр брашна:150 гр хељдино,
               200 гр пченкарно,
               50 гр мелени ореви
               50 гр мешавина од 4 мелени семиња итоа:ленено
                                                                                        сусам
                                                                                        лупен сончоглед
                                                                                        семки од тиква.
Се мешшт со лажица и се става 1/4 од мешавината во чинија на страна.
Тука се додаваат 2 лажички прашок за пециво.(Може 1лажичка сода бикарбона и 1 лажичка прашок за пециво).

Во останатата 3/4 мешавина се додава 1 сув квасец,1 лажица мед,2 лажици маслиново масло и 350 мл млака вода.Се меша со лажица и се остава на топло пр. во рерна загреана на 30 степени околу 20 мин да подрасне.
Потоа се додава 1матено  јајце и одделената 1/4 мешавина.
Се меша со лажица ,се истура во калап (12Х36) обложен со хартија за печење .
Се пече 30 мин на 180 степени.

Место хељдино може да се стави оризово брашно (мелен ориз),или мелен наут.
За да се подготви мелен наут добро е да се стави 1 чаша наут кој се прелива со два пати повеќе вода и се остава преку ноќ да кисне.
Другиот ден се вари да омекне.(Може вака да се подготви поголема количина и вишокот да се смрзне за друг пат).
Оладен се става во блендер или уште подобро во нутри булет во кој ќе се стави дел од водата во рецептот(200 мл).
Место состојките во рецептот може да се стави 150 гр  пченкарно брашно,150 гр оризово брашно и 150 гр хељдино брашно.

No comments:

Post a Comment