Saturday, December 16, 2017

Мусака со компири

Се запржува 1 кромид и се додава   1 кг мелено месо (пола свинско пола јунешко) и се пржи. Се додава 1 лажица црвен пипер, пола чаша истребен и измиен ориз,1/2 кг кечап или патлиџан,бибер,сол,оригано и се динста.
Во тава се ставаат излупени и на кругови исечени компири еден ред.Врз нив се истура месото,се ставаат 5 ловорови листа и се става друг ред со компири.Се додава вода да прекрие малку и се пече околу 45 мин на 200 степени.
Може да се прелие со 3-4 јајца измешани со млеко и да се допече .

No comments:

Post a Comment