Sunday, November 24, 2019

Ајмакац

Потребно е:
2 пилешки карабатаци(500 гр),
морков,
компир,
целер,
може брокула,
магдонос,
3 лажици брашно,
5 чешниња бел лук ,
бел бибер и масло за јадење.

Пилешкото се вари и сече на коцки.
Морков ,компир,пашканат и целер се сецкаат (најлесно со сецко) и се варат во тенџере..
Во друго тенџере се запржуваат 3 лажици брашно (да остане бело).
(Може кај брашното да се додаде 2 чешниња гмечен лук).
Мешајќи се налива по малку од супата кај што се варело месото и се меша на оган да се згусне.
Тука може да се додаде брокулата да се вари околу 10 мин.
Потоа се додава исецканото месо,сварениот зеленчук,бибер и гмечен лук.
Тоа врие и пред  крај се додава малку сок од лимон или сецкани кисели краставички.

Wednesday, October 16, 2019

Макарони со сос со печурки-посно

Се ставаат макарони во врела вода во која има малку сол и зејтин и се варат .
За сосот се пропржува 1 главица исечкан кромид,се додаваат измиени и исечкани шампињони и се пржи додека пуштаат течност а потоа се додава кечап и  гмечен лук и се динста .
Пред крај се додаваат зачини бибер,босилек ,оригано и сол.
Со сосот се преливаат макароните,

Tuesday, October 15, 2019

Супа

I начин
Пола тенџере течност што се варело пилешко зоврива.
2 јајца се мешаат со миксер со 2 лажици густин,1/2 чаша ( за млеко) кисело млеко и се додава од зовриената течност 2-3 кутлачки мешајќи.
Се додава вегета и бибер и заедно се истура во зовриената супа.
Се меша уште малку да поврие.

II начин

Се вари пилешко и се вади.
Во течноста се ставаат изрендани (или исецкани со сецко) моркови,целер  пашканат и компир.
Вријат додека омекнат а потоа им се додаваат зачини по вкус пр.магдонос ,бибер и вегета.
Се додава и од пилешкото исечено на коцки и врие уште малку.

(Може кај сварените зеленчуци да се додаде готова супа и да поврие со неа ако не сме свариле месо)

Ќофте во сос и пире.

1/2 кг мелено месо се меша со јајце,презли,сол,малку сода бикарбона и малку вода и стои малку.
Се прават ќофтиња колку бомбици и се пржат.
За сосот се пропржува брашно со 2 чешниња лук.

Се додава патлиџан и кечап и врие .
Потоа се додаваат ќофтињата и врие околу 20 минути.
 
Може да се спуштаат ќофтињата само во кечап затоа што ако има брашно треба често да се меша за да не загори.
Може да се служат со пире.

Шаран (пијан)

Се полни шаран со лук,морков,магдонос ( а може и сланинки).
Од околу се ставаат зеленчуци (компири,тиквица,пиперки,целер,пашканат).
Се пече и при крај се додава 1 чаша бело вино и се допекува.

Thursday, April 11, 2019

Спанаќ со печурки

Потребно е:

1 кг спанаќ,
1 помал пакет шампињони,
1 рака ориз,
1 кромид, 
2 чешниња лук
по малку црвен пипер,бибер,зачин,сол.

Подготовка:

Се запржува кромидот,се додава црвен пипер и
миен ориз и се пропржува уште малку.
Се додава 1 чаша вода и се вари да омекне малку оризот.
Печурките се мијат ,се сецкаат и се пропржуваат
додека не испари водата што ја пуштаат.
Спанаќот се мие убаво и се спушта дел по дел во врела вода и
се вади на метална цедалка,а потоа се сецка.
Во тепсија се става спанаќот печурките и оризот.
Се додава малку вода и се потпекува додека не се свари убаво оризот.

Дроб сарма

Потребно е:
Еден комплет јагнешки џигери со срце,завиткани во марамица.
4 млади кромидчиња,
1 чаша од 150 гр ориз,
1 чаша од 150 гр бело вино
2 јајца,
4 полни лажици кисело млеко,
1/2 лажиче црвен пипер,
магдонос,бибер,нане,
1 лажичка вегета,
сол по вкус.
 
Подготовка:
Се варат џигерите околу 1/2 саат .
За тоа време се запржува кромид,
се додава црвен пипер ,
а потоа измиен оризот и се пропржува.
Тука се додава 300 мл вода и малку сол и
се вари да омекне малку оризот.
Се вадат џигерите , се сецкаат на коцки ,
се додаваат кај оризот ,се додаваат зачините и се  меша.
Во тепсија се става марамицата ,
така да еден дел излегува од тепсијата.
Тука се истура смесата од ориз и џигери ,
се покрива со марамицата,
се додава белото вино и
се пече да се довари оризот (околу 30-40 мин).
Пред крај се додава смесата од изматени јајца со кисело млеко и се допекува уште десетина минути.