Monday, November 23, 2009

Спанаќ

Во тенџере се запржува кромид на кој се додава малку сол
Спанаќот се мие убаво барем 5 пати во ладна вода ,или се мие лист по лист
Се става во врела вода да омекне(да проврие)
Се сецка на даска и се додава во тенџерето каде што се пржел кромидот.
Му се додава пипер 1 лажичка,сол и ориз 1 мал филџан.
Се додава вода и се вари додека распука (се свари оризот).
Пред крај се додава лук 2 чешниња и зачини по желба.
Може да се истури во тепсија и да се стави за секој човек по 1 цело јајце
(јајцето се крши во мала чинија за да се осигураме дека
не е расипано или нема некоја лушпа а потоа се истура во тепсијата со спанаќ)
(Ако сакаме со месо може на страна да се месо и да се додаде место обична вода за варење од водата во која се варело месото ,а потоа и месото )

Friday, November 20, 2009

Макарони со сирење

Макарони се варат и цедат
Се ставаат во тепсија подмачкана со зејтин.
Се преливаат со мешавина од 2-3 јајца ,млеко 200 мл и сирење 400 гр
Ова се става во загреана рерна и се пече околу 15 мин.

Шпагети со мелено месо

Шпагетите се варат , цедат и се плакнат со ладна вода.
Се запржува кромид малку ,
се додава мелено месо и се пржи понатаму.
Се додава 1 лажичка пипер ,бибер малку,сол,
магдонос ,кари и други зачини по желба.
Се додава и кечап или сос од патлижан и се меша.
Во тепсија се реди ред шпагети ,ред од меленото месо
со зачини и т.н додека се потроши .
Ова се потпекува во рерна додека се зацрвени .

Прелив на макарони

Се запржува кромид малку , Се додаваат печурки и се пржат заедно. Се додава сос од патлиџани или кечап и се динста . Се додаваат зачини и се преливаат варените и исцедени макарони ( т.е. паста). Може од горе да се истури туна од конзерва.

Wednesday, November 18, 2009

Креманадли со компири

Во прозирна кеса се чукаат кременадли и се посолуваат од двете страни.
Се пржат да се зацрвенат само малку.
Во пекач (или тепсија што може да се покрие ) се ставаат сецкани : компири ,моркови,пиперка,патлиџан,кромид,зачини по желба,1 лажичка пипер,сол,
1 лажица брашно,кременадлите ,зејтин,вода 1 чаша или вино .
Се става да се пече покриено додека омекнат компирите.
(може да се стават само компири со запржените кременадли)
(Уште подобро е место кременадли свински врат сечен како кременадли)

Пиле со сол

Одмрзнато и исцедено пиле се става во тенџере чие дно е прекриено со сол(побелено од сол)
Се покрива со капак(капакот да нема пластични делови што би се стопиле)
Се пече околу 1 саат на 250 степени
Се вади и се превртува од другата страна и се пече уште 1/2 саат
Се вади од тенџерето каде остануваат маснотиите .

Пиле во сос

Се пржат 4-5 главици кромид.
Се додава пиле исечено на парчиња.
Патлиџан 600-700 гр(може смрзнат).
Се вари додека омекне пилето.
При крај се додава 1 лажица брашно разматена во малку вода.
Може да се додаде оригано,лук или други зачини.

Бела мусака

Се вари 1 кг бело пилешко месо и се сецка
Се запржуваат 4 главици кромид ,
Кај кромидот се додаваат 300 -400 гр свежи шампињони и се пржат
Во тепсија се редат бело месо ,печурки,павлака ,
пак бело месо ,печурки ,павлака додека се потрошат
Од горе се ренда 200 гр кашкавал
Се сече на коцки и во празнините се става магдонос
Се потпекува и јаде

Зелка со месо

Се вари месо со вода и малку сол да омекне (говедско или свинско) .

Во друго поголемо тенџере се запржува кромид (може и пиперка сецкана). Се додава сецкана зелка и се меша да омекне малку. 

Се додава 1 лажица пипер. Во тоа се додава од водата во која се варело месото и се вари да омекне зелката. 

Се додава пржен патлиџан или кечап или сос од патлиџан ,бибер, лук, магдонос,кари и други зачини по желба.

Се додава месото се доварува.

Monday, November 16, 2009

Компир манџа

Се вари месо додека омекне(околу саат и пол) на кое му е додадено сол
Се додаваат компири сецкани,моркови сецкани и целер сецкан.
Се запржува кромид ,му се додава пипер и тоа се додава кај месото со компири и се вари додека омекнат компирите.
За густина може да се додаде 1 лажица брашно разматена во малку вода и проврива.
Пред крај се додава кечап или испржен патлиџан,лук малку ,магдонос ,бибер,вегета,кари и др по желба

Грашок

I начин.

Се запржува кромид,му се додава пипер 1 лажичка,вода,сол, грашокот и се вари додека омекне.Ако сакаш со месо треба да е сварено претходно и во грашокот да се додаде од водата во која се варело месото.Може да се додаде заедно со грашокот и морков сецкан на коцкички. При крај се додава лук 2 чешниња,магдонос и зачини по желба.

II начин.

Се запржува со путер грашок од конзерва (процеден) и му се додава од течноста.

Се додаваат и зачини и се доварува.

Ако е смрзнат прво се подварува ,се процедува ,а потоа се запржува со путер ,му се додаваат зачини и се доварува.