Monday, January 18, 2010

Лазањи

За 6 лица е потребно:
12 листа зелени лазањи (кои не се готват)
2 мали главици лук,
6 резниња кромид,
1 кг мелено месо,
1/4 зготвен сос од домати,
120 гр гриз
сирење моцарела,
1/4 павлака,
100 гр пармезан
2 јајца,масло ,сол, путер,пипер ,мајчина душица.
Се запржува кромид ,потоа се додава месото и се пропржува.
Се додава сосот од домати и се готви на ниска температура 5 мин.
Додај го лукот( исецкан),сол пипер и мајчина душица.
Во подмачкана тепсија реди лазањи и на секој ред месо и сирење.
Од горе нека биде тестенина која се полива со смеса од павлака сол и пипер.
Се покрива со алуминиумска фолија и се пече 45 мин на 180.
Се трга фолијата и пече 5-10 мин да фати коричка.

Sunday, January 17, 2010

Ролат со мелено месо

1 кг мелено месо (мешано може), 1 филџан зејтин, 2 јајца, 1/2 пециво ,4 лажици брашно (може и трошки леб), сол , вегета ,бибер.

 Се меси и се прават 2 кори на намачкана со зејтин хартија за печење. 

 Врз нив се става фил добиен од претходно сварени 2 бели меса и сецкани ситно. Се посолува и врзува со цело јајце. Во белото месо може да се стави варен и сецкан морков и кашкавал. 

 Се прават 2 ролати кои се печат.

 Со течноста што ја пуштаат се преливаат неколку пати.

Стек со орли маса

Исецкај го стекот на ленти ,намачкај го со сол,сенф,зејтин и
стави го од вечер во фрижидер.

Другиот ден ставај го во смеса од јајца,пиво и брашно и
пржи го во врел зејтин.

II начин
Одмрзнат стек се премачкува од вечер со сенф, зејтин и сол и
се пече на скара или тостер

Наут со зеленчук

1 чаша наут (оставен во вода преку ноќ па сварен)
1 кромид сецкан и пржен,1 лажиче цимет,2 моркови на кругови,
2 помали компири на коцки,1 помала тиквица,1 црвен патлиџан,
1 помал модар патлиџан олупен,исечен на коцки посолен и
отстоен да го пушти горчилото,сол бибер магдонос.
Од ова се вари манџа која се служи со варен ориз
или со варени ситни макарони.

Наут со патлиџани

Испржи кромид исечен на кришки и додај
1 лажица мед,1 лажиче ким,1/2 лажиче коријандер,1/4 лажиче цимет
и пржи уште малку.
Додај 1 конзерва лупени патлиџани и 1 чаша сварен наут
(од вечер потопен во повеќе вода затоа што нараснува).
Мешај додека патлиџаните се распаднат.
Може да се јаде со пилешко месо печено на скара.

Подварок

Се вари свинско месо со малку сол.
Се пржи во големо тенџере ситно сецкана кисела зелка.
Се ставаат во тепсија зелката и месото и
се печат во загреана рерна, мешајќи повремено .

Селско месо

1 кг месо (пола свинско,пола телешко),
(може по желба малку мелено за ќофтенца)
кромид,печурки,зејтин,зачини (вегета,лук,бибер,сол,брашно)

Се дроби ситно кромид и се запржува.
Му се додава месо исечено на коцки
(може мешано,свинско и телешко месо)
Се додава по малку вода и се динста.
По 1 саат се додаваат печурки и се динста заедно.
Може да се додадат и пржени ќофтенца.
Се прави бела запршка од 2 лажици брашно и зејтин и
се додава кај месото.
Се додава вегета,лук(2 чешниња толчени),бибер и сол и врие уште 5 мин.

(Месото може претходно да се пече на скара ,да му се додадат печурки,вода и да се динста а потоа бела запршка и зачини)

Saturday, January 16, 2010

Посна погача

600 гр брашно
1 квасец
350 мл вода
1,5 лажица шекер
1/2 лажица сол
5 лажици зејтин
сусам

Се замесува тесто од нараснат квасец и состојките кое кисне 30 мин.

Се расукува во круг и се става во подмачкана кружна тепсија.Од горе се премачкува со зејтин и се прска со сусам .
Се пече околу 25 мин,во подмачкана тепсија бр 32.

За тепсија бр 28  треба:

1/2 кг брашно,
1 квасец
300 мл млеко или вода,
1 лажица шекер,
1/2 лажица сол,
4 лажици зејтин,
сусам

Печена скуша

Се чисти скушата така што и се отсекува главата и се засекува да се извади внатрешноста.

Се мие , се посолува и се става во тепсија подмачкана со зејтин .

Се пече на 150 во покриена тепсија околу 1,5 час.