Saturday, December 26, 2009

Шницли во експрес лонец

Од вечер се тупаат и се солат шницли.
Се подмачкува лонецот и се реди ред компири ред шницли
при што секој ред се попрскува со вегета , магдонос и бибер
Се потурува со помешани 1 чашка зејтин,2 чаши вода и 1 чаша вино.
Се вари поклопено 20 мин.
Се отвора кога ќе се излади ( да не шушти лонецот).

Шпикувано говедско месо

2 кг месо,3 чаши супа од коцка,сол, вегета,кари ,бибер
100 гр сланина,100 гр шунка,100 гр путер,15 зелени маслинки
4 лажици зејтин

Месото се шпикува со зелени маслинки,сланина и шунка.
Се пржи нагло во 4 лажици зејтин и 100 гр путер од сите страни
Се посолува побиберува и полива со супата во коцка.
Се вари во експрес лонец (20 мин откако ќе зоврие).
Се отвора кога ќе престане да шушти лонецот.

Гулаш во експрес лонец

Потребно е:
-750 гр. говедска плешка исечена на листови
-250 гр. кромид
-1 чешне лук
-3 лажици зејтин
-1 лажица црвен пипер
-1 лажиче лут пипер
-1/4 л. црно вино
-1/2 лажиче ким
-1 црвена пиперка
-1 зелена пиперка
-сол
-зачин
-кора од непрскан лимон

ОПИС
-месото се сече на листови од 3 см. и дебелина од 0,5 см.
-во експрес лонец се става зејтинот и кромидот и се пржи. Потоа се додава месо, лук и сол
и тоа се пржи уште малку. Се посипува со пипер и промешува. Се додава виното, 1 чаша
вода, зачини, сецкана кора од лимон и се затвора лонецот. Ова врие околу 25 мин. и се
трга на страна да се лади. Лонецот се отвара откако воопшто нема да пушта пареа.
(за побрзо да се излади врелиот лонец се става под млаз од ладна вода).
Може да се згусне со додавање на 1 лажица брашно разматено во шоља вода која се
става во смесата малку да зоврие во отворен лонец при што се меша да не загори.
-пиперките исечени на долгнавести парчиња, се динстаат со пола
шоља вода и се додаваат на гулашот.

Свинско печено

Во пекач се става 1,5 кг свинско месо од плешка и се посолува.
Се додава 500 мл вода,7 чешниња лук и ловоров лист .
Се покрива пекачот и се става во рерна загреана на 220 степени да се пече околу 1,5 час.

 II начин.

Во подмачкан пекач се става парче месо,посолено ,
кое може и да се избоди со нож и да се му се стават
во вдлабнатините моркови и лук.
Се покрива пекачот  со капак и
се пече на 100 степени околу 4- 5 саати.

 Печено прасе:
Се мие ,се посолува,се става во плех се додава вода и се прекрива со друг плех.
Се пече на средна температура.
При крај се открива да фати коричка.

Monday, November 23, 2009

Спанаќ

Во тенџере се запржува кромид на кој се додава малку сол
Спанаќот се мие убаво барем 5 пати во ладна вода ,или се мие лист по лист
Се става во врела вода да омекне(да проврие)
Се сецка на даска и се додава во тенџерето каде што се пржел кромидот.
Му се додава пипер 1 лажичка,сол и ориз 1 мал филџан.
Се додава вода и се вари додека распука (се свари оризот).
Пред крај се додава лук 2 чешниња и зачини по желба.
Може да се истури во тепсија и да се стави за секој човек по 1 цело јајце
(јајцето се крши во мала чинија за да се осигураме дека
не е расипано или нема некоја лушпа а потоа се истура во тепсијата со спанаќ)
(Ако сакаме со месо може на страна да се месо и да се додаде место обична вода за варење од водата во која се варело месото ,а потоа и месото )

Friday, November 20, 2009

Макарони со сирење

Макарони се варат и цедат
Се ставаат во тепсија подмачкана со зејтин.
Се преливаат со мешавина од 2-3 јајца ,млеко 200 мл и сирење 400 гр
Ова се става во загреана рерна и се пече околу 15 мин.

Шпагети со мелено месо

Шпагетите се варат , цедат и се плакнат со ладна вода.
Се запржува кромид малку ,
се додава мелено месо и се пржи понатаму.
Се додава 1 лажичка пипер ,бибер малку,сол,
магдонос ,кари и други зачини по желба.
Се додава и кечап или сос од патлижан и се меша.
Во тепсија се реди ред шпагети ,ред од меленото месо
со зачини и т.н додека се потроши .
Ова се потпекува во рерна додека се зацрвени .

Прелив на макарони

Се запржува кромид малку , Се додаваат печурки и се пржат заедно. Се додава сос од патлиџани или кечап и се динста . Се додаваат зачини и се преливаат варените и исцедени макарони ( т.е. паста). Може од горе да се истури туна од конзерва.

Wednesday, November 18, 2009

Креманадли со компири

Во прозирна кеса се чукаат кременадли и се посолуваат од двете страни.
Се пржат да се зацрвенат само малку.
Во пекач (или тепсија што може да се покрие ) се ставаат сецкани : компири ,моркови,пиперка,патлиџан,кромид,зачини по желба,1 лажичка пипер,сол,
1 лажица брашно,кременадлите ,зејтин,вода 1 чаша или вино .
Се става да се пече покриено додека омекнат компирите.
(може да се стават само компири со запржените кременадли)
(Уште подобро е место кременадли свински врат сечен како кременадли)

Пиле со сол

Одмрзнато и исцедено пиле се става во тенџере чие дно е прекриено со сол(побелено од сол)
Се покрива со капак(капакот да нема пластични делови што би се стопиле)
Се пече околу 1 саат на 250 степени
Се вади и се превртува од другата страна и се пече уште 1/2 саат
Се вади од тенџерето каде остануваат маснотиите .

Пиле во сос

Се пржат 4-5 главици кромид.
Се додава пиле исечено на парчиња.
Патлиџан 600-700 гр(може смрзнат).
Се вари додека омекне пилето.
При крај се додава 1 лажица брашно разматена во малку вода.
Може да се додаде оригано,лук или други зачини.

Бела мусака

Се вари 1 кг бело пилешко месо и се сецка
Се запржуваат 4 главици кромид ,
Кај кромидот се додаваат 300 -400 гр свежи шампињони и се пржат
Во тепсија се редат бело месо ,печурки,павлака ,
пак бело месо ,печурки ,павлака додека се потрошат
Од горе се ренда 200 гр кашкавал
Се сече на коцки и во празнините се става магдонос
Се потпекува и јаде

Зелка со месо

Се вари месо со вода и малку сол да омекне (говедско или свинско) .

Во друго поголемо тенџере се запржува кромид (може и пиперка сецкана). Се додава сецкана зелка и се меша да омекне малку. 

Се додава 1 лажица пипер. Во тоа се додава од водата во која се варело месото и се вари да омекне зелката. 

Се додава пржен патлиџан или кечап или сос од патлиџан ,бибер, лук, магдонос,кари и други зачини по желба.

Се додава месото се доварува.

Monday, November 16, 2009

Компир манџа

Се вари месо додека омекне(околу саат и пол) на кое му е додадено сол
Се додаваат компири сецкани,моркови сецкани и целер сецкан.
Се запржува кромид ,му се додава пипер и тоа се додава кај месото со компири и се вари додека омекнат компирите.
За густина може да се додаде 1 лажица брашно разматена во малку вода и проврива.
Пред крај се додава кечап или испржен патлиџан,лук малку ,магдонос ,бибер,вегета,кари и др по желба

Грашок

I начин.

Се запржува кромид,му се додава пипер 1 лажичка,вода,сол, грашокот и се вари додека омекне.Ако сакаш со месо треба да е сварено претходно и во грашокот да се додаде од водата во која се варело месото.Може да се додаде заедно со грашокот и морков сецкан на коцкички. При крај се додава лук 2 чешниња,магдонос и зачини по желба.

II начин.

Се запржува со путер грашок од конзерва (процеден) и му се додава од течноста.

Се додаваат и зачини и се доварува.

Ако е смрзнат прво се подварува ,се процедува ,а потоа се запржува со путер ,му се додаваат зачини и се доварува.