Sunday, December 27, 2015

Гибаница со кисело млеко

Материјал:
500 гр кори за гибаница,3 кисели млека,3 јајца,1 чаша кисела вода,1/2 шоља масло.
Фил:
Жолчките се матат со киселото млеко.Се додава маслото и киселата вода.
Во мал со масло подмачкан плех се ставаат две кори,а преостанатите се потопуваат во филот и се редат.Гибаницата се прекрива со две суви кори,се прска со масло и се става во загреана печка да се пече.

Погача

1 свеж квасец стасува со 100 мл млака вода,1 лажица брашно,1 лажица шекер.
Се става во 1 кг брашно каде се додаваат 2 јајца,1 белка,1 лажиче сол,1 лажиче шекер,5 лажици зејтин,1/2 литар млако млеко.
Се меси тестото и се одвојува едно топче за во средина.
Се прават 5 кори и секоја се мачка со маргарин.
Се ставаат една врз друга и се сучи голема кора.
Таа се дели на 8 дела.
Се прават кифли од деловите ,кои се филуваат со мешавина од сирење и јајца.
Секоја кифла се дели на два дела и се редат во округла тепсија (или тенџере од 5 кг подмачкано само со зејтин) со тесниот дел према средината каде што е топчето.
Кога е готова не кисне туку малку поткиснува .
Се премачкува со жолчка ,се попрскува со сусам и се пече.

Стек пржен во орли маса

Стекот се сечи на ленти и се става од вечер намачкан со сенф,сол и зејтин.
Другиот ден парчињата се брцнуваат во смеса од јајце,пиво и брашно а потоа се пржи во врел зејтин.

Пиле во сос

Се пржат 4-5 кромида ,се додава пиле на парчиња и се пржи.
Се додава 600-700 гр смрзнат патлиџан исечен на коцки,1 лажица брашно,оригано,лук,магдонос,зачин,бибер,целер и сол.
Се динста додека омекне месото.

Мекици

3 цели јајца,
1 лажица ракија,
1 свеж квасец (40гр),
1/2 прашок за пециво,
1 филџан(за кафе) зејтин,
1 кг брашно,
1/2 л вода млака,
100 мл млеко,
1 лажица шекер,
1/2 лажица сол.
Прво квасецот стасува во млакото млеко со 1 лажица шекер и 1 лажица брашно,а потоа се додава кај брашното и каде што се додаваат и другите состојки.

2 пати да се размеси тестото и трет пат кога ќе стаса , се пржи.

Влашка пита

700-800 гр брашно се меси со млака вода,зејтин и сол и се удира тестото 40 пати(крени пушти).
Се дели на два дела и од секој дел се прават по 10 топчиња.
Секое се расукува колку тацна,се мачка со маргарин и се ставаат едно врз друго сите 10 (последното не се мачка).Сите 10 се ставаат во фрижидер. Исто со другите 10.
Фил:Праз се пржи со зејтин и кога ќе се олади се додаваат 4 јајца,сирење,малку јогурт или кисело млеко (да биде течен филот).

Од првиот дел се сучи кора поголема од тепсијата(заради филот).
Се прска со зејтин па се става филот.
Од другиот дел се прави голема кора која се набира при ставање во тепсијата со натресување.Најпосле се прави витката ,се прска со зејтин и се пече.

Макарони со буковка(печурки)

Една тегла буковки се сецкаат и пржат со путер и се додава малку хопла, бибер,пипер,лук,магдонос и вегета.
Макароните се варат во солена вода со малку масло.
фил:се матат 3 јајца и се додава рендан кашкавал и хопла т.е слатка павлака.
Стаклен сад за печење се мачка со маргарин и се
реди 2 пати:ред макарони,ред печурки,малку од филот со кашкавал и
од горе се потура со филот.

Пита со готови кори

 I варијанта:
1/2 кг кори, 

Подготовка на преливот на корите:

250-300 мл млеко,
100 мл кисела вода,
200 мл зејтин,
7 лажици брашно,
1 пакетче прашок за пециво,
малку сол.
Течноста за премачкување на корите може да се спреми така што ќе се измешаат состојките со миксер :

Се става една кора ,се мачка со четка или со лажица од течноста.Врз неа се става втора кора и таа се мачка со течноста и трета врз неа исто се мачка.

Се става од филот подготвен од 300 гр урда (или сирење) и три јајца и се витка ролат.Така се прават 6 ролати.(во 500 гр кори обично има 18 кори значи 6 ролати по три кори во секој ролат).
Се сече па се премачкува од течноста што останала.
Така треба да постои,а потоа се пече  на 200 околу 1/2 час .Потоа  се покрива со сува крпа.
Во филот може да се стави покрај сирење и јајца и обарена блитва или спанаќ,а добро е и со пржен праз помешан со сирење и јајца.
Убава е и со фил од рендана тиква (или сецкана со сецко),во која се става малку шекер и цимет.
Може тиквата претходно да се пропржи со зејтин. 

II варијанта:
 Потребно е 1/2 кг кори.

Подготовка на преливот на корите:

Стасува:
1,5 квасец со 100 мл вода,1 лажиче шекер и 1 лажиче брашно.
Да постои :
250-300мл млеко
квасецот
200 мл масло
7 полни лажици брашно
малку сол.
Течноста за премачкување на корите може да се спреми така што ќе се измешаат со миксер :

Се става една кора ,се мачка со четка или со лажица од течноста.Врз неа се става втора кора и таа се мачка со течноста и трета врз неа исто се мачка.

Се става од филот подготвен од 300 гр урда(или сирење)и три јајца и се витка ролат.Така се прават 6 ролати.(во 500 гр кори обично има 18 кори значи 6 ролати по три кори во секој ролат).
Се сече па се премачкува од течноста што останала.
Така треба да постои,а потоа се пече и се покрива со сува крпа.
Може и зеље во филот.
Во филот може да се стави покрај сирење и јајца и обарена блитва или спанаќ,а добро е и со пржен праз помешан со сирење и јајца.
Убава е и со фил од рендана тиква (или сецкана со сецко),во која се става малку шекер и цимет.
Може тиквата претходно да се пропржи со зејтин. 

III варијанта:Место млеко стави 250 мл вода.
За филот 1/2 кг сирење и 5-6 јајца и ставај по две кори за ролатот.
IV варијанта:за 500 гр кори 1 чаша кисела вода,1 пециво,1/4 маргарин,
1 шољичка масло.Кората се прска со масло,маргарин па вода.Се става фил пр. блитва и се виткаат ролнички.
V варијанта:Една кора се свиткува на половина,се става фил ,пр.рендана тиква и се става во подмачкан плех .Кога е готова питата се пече а потоа се прелива со мешавина од зејтин,вода и шекер.

Бела мусака

1 кг бело месо (варено па сецкано),
1 тегла печурки (околу 1 кг),
1 павлака,
200 гр кашкавал,магдонос,сол , кромид и
масло.
Печурките се пржат со две кромитчиња .
Се реди во тепсија ред бело месо ред печурки,ред павлака ,ред бело месо,ред певлака и од горе рендан кашкавал.Се потпекува во рерна.

Пржен ослиќ

Се одмрзнува малку , се засекува од горе и се влече  да излезат коските.Кога ќе одмрзне,се става под млаз и се чисти црнилото.
Се остава да се исцеди на крпи и се соли.
Се валка во брашно помешано со пченкарно брашно и се пржи во доста врел зејтин од една и од друга страна.

Thursday, December 24, 2015

Пица

Тесто:
3 шољи брашно,
1 шоља јогурт,
1/2 масло,
1/2 лажиче сол,
1 пециво.
Фил:
Кечап .парчиља кашкавал,тиквица исечена на тенки кругови
 и др по желба.
 
II начин .
1/2 свеж квасец стасува со 1/2 чаша млако млеко ,1 лажица брашно и 1 лажица шекер.
Во вангла се става 1/2 кг брашно ,1 лажиче сол,4 лажици зејтин и се замесува со 1 чаша млако млеко да се добие помеко тесто.
Може да се удира 20 до 30 пати (крени спушти) и се покрива со чаршав да нарасне.
Потоа се расукува и се става во тепсија на која има хартија за печење.
Се премачкува со кечап измешан со малку зејтин и оригано.
Од горе се става рендан кашкавал,сецкани печурки,сецкани маслинки и друго по желба.
Се пече околу 15 мин на 220 степени.

Пици

Тесто:
1 кг брашно,4 лажици масло,300 мл кисело млеко,1 лажица сол,1 свеж квасец стасан во млака вода со 1лажица шекер и 1 лажица брашно.
Прелив:
Кечап со малку масло и оригано.
Фил:
рендан кашкавал,сецкани свежи печурки,шункова салама или кулен.

Се змесува помеко тесто со додавње на млака вода и се расплескува во плех обложен со хартија за печење.(Има за три плеха).
Се пече 20 мин на 200 степени.

Шпагети со мелено месо

Се запржуваат 3 главици кромид со мелено месо,а шпагетите се варат .
Се ставаат пола од варените шпагети во подмачкан плех .
Се става меленото месо ,се прелива со кечап а потоа уште половина од варените макарони.
Се прелива со кечап.
Се пече околу 45 мин на 200 степени.