Sunday, December 27, 2015

Пита со готови кори

 I варијанта:
1/2 кг кори, 

Подготовка на преливот на корите:

250-300 мл млеко,
100 мл кисела вода,
200 мл зејтин,
7 лажици брашно,
1 пакетче прашок за пециво,
малку сол.
Течноста за премачкување на корите може да се спреми така што ќе се измешаат состојките со миксер :

Се става една кора ,се мачка со четка или со лажица од течноста.Врз неа се става втора кора и таа се мачка со течноста и трета врз неа исто се мачка.

Се става од филот подготвен од 300 гр урда (или сирење) и три јајца и се витка ролат.Така се прават 6 ролати.(во 500 гр кори обично има 18 кори значи 6 ролати по три кори во секој ролат).
Се сече па се премачкува од течноста што останала.
Така треба да постои,а потоа се пече  на 200 околу 1/2 час .Потоа  се покрива со сува крпа.
Во филот може да се стави покрај сирење и јајца и обарена блитва или спанаќ,а добро е и со пржен праз помешан со сирење и јајца.
Убава е и со фил од рендана тиква (или сецкана со сецко),во која се става малку шекер и цимет.
Може тиквата претходно да се пропржи со зејтин. 

II варијанта:
 Потребно е 1/2 кг кори.

Подготовка на преливот на корите:

Стасува:
1,5 квасец со 100 мл вода,1 лажиче шекер и 1 лажиче брашно.
Да постои :
250-300мл млеко
квасецот
200 мл масло
7 полни лажици брашно
малку сол.
Течноста за премачкување на корите може да се спреми така што ќе се измешаат со миксер :

Се става една кора ,се мачка со четка или со лажица од течноста.Врз неа се става втора кора и таа се мачка со течноста и трета врз неа исто се мачка.

Се става од филот подготвен од 300 гр урда(или сирење)и три јајца и се витка ролат.Така се прават 6 ролати.(во 500 гр кори обично има 18 кори значи 6 ролати по три кори во секој ролат).
Се сече па се премачкува од течноста што останала.
Така треба да постои,а потоа се пече и се покрива со сува крпа.
Може и зеље во филот.
Во филот може да се стави покрај сирење и јајца и обарена блитва или спанаќ,а добро е и со пржен праз помешан со сирење и јајца.
Убава е и со фил од рендана тиква (или сецкана со сецко),во која се става малку шекер и цимет.
Може тиквата претходно да се пропржи со зејтин. 

III варијанта:Место млеко стави 250 мл вода.
За филот 1/2 кг сирење и 5-6 јајца и ставај по две кори за ролатот.
IV варијанта:за 500 гр кори 1 чаша кисела вода,1 пециво,1/4 маргарин,
1 шољичка масло.Кората се прска со масло,маргарин па вода.Се става фил пр. блитва и се виткаат ролнички.
V варијанта:Една кора се свиткува на половина,се става фил ,пр.рендана тиква и се става во подмачкан плех .Кога е готова питата се пече а потоа се прелива со мешавина од зејтин,вода и шекер.

No comments:

Post a Comment