Tuesday, December 26, 2017

Колач со спанаќ


4 јајца се матат со малку сол .
 Се додава 1 чаша (200 гр) јогурт,
1/2 чаша зејтин,
18 лажици брашно,
1 пециво,
1/2 кг обарен спанаќ,
200 гр сирење
Се пече прво на 250 степени,па по кратко време на 200 степени во плех бр 32,подмачкан со зејтин и брашно.
Уште подобро е ако се пече на 200 степени 40 минути.
Може од горе пред да се пече да се посипе со сусам,а може во него да се стават семки од сончоглед.

Sunday, December 17, 2017

Проја

4 јајца (посебно белки)
1/2 чаша (од јогурт) зејтин,
1 чаша (и нешто повеќе) јогурт
1 чаша бело брашно,
1 чаша пченкарно брашно,
1 пециво,
сирење,блитва или спанаќ
Се пече во тепсија бр 28 обложена со хартија за печење.

Безглутенски леб

Во вангличка во која ќе се меси (поточно меша) се става вкупно 450 гр брашна:150 гр хељдино,
               200 гр пченкарно,
               50 гр мелени ореви
               50 гр мешавина од 4 мелени семиња итоа:ленено
                                                                                        сусам
                                                                                        лупен сончоглед
                                                                                        семки од тиква.
Се мешшт со лажица и се става 1/4 од мешавината во чинија на страна.
Тука се додаваат 2 лажички прашок за пециво.(Може 1лажичка сода бикарбона и 1 лажичка прашок за пециво).

Во останатата 3/4 мешавина се додава 1 сув квасец,1 лажица мед,2 лажици маслиново масло и 350 мл млака вода.Се меша со лажица и се остава на топло пр. во рерна загреана на 30 степени околу 20 мин да подрасне.
Потоа се додава 1матено  јајце и одделената 1/4 мешавина.
Се меша со лажица ,се истура во калап (12Х36) обложен со хартија за печење .
Се пече 30 мин на 180 степени.

Место хељдино може да се стави оризово брашно (мелен ориз),или мелен наут.
За да се подготви мелен наут добро е да се стави 1 чаша наут кој се прелива со два пати повеќе вода и се остава преку ноќ да кисне.
Другиот ден се вари да омекне.(Може вака да се подготви поголема количина и вишокот да се смрзне за друг пат).
Оладен се става во блендер или уште подобро во нутри булет во кој ќе се стави дел од водата во рецептот(200 мл).
Место состојките во рецептот може да се стави 150 гр  пченкарно брашно,150 гр оризово брашно и 150 гр хељдино брашно.

Saturday, December 16, 2017

Мусака со компири

Се запржува 1 кромид и се додава   1 кг мелено месо (пола свинско пола јунешко) и се пржи. Се додава 1 лажица црвен пипер, пола чаша истребен и измиен ориз,1/2 кг кечап или патлиџан,бибер,сол,оригано и се динста.
Во тава се ставаат излупени и на кругови исечени компири еден ред.Врз нив се истура месото,се ставаат 5 ловорови листа и се става друг ред со компири.Се додава вода да прекрие малку и се пече околу 45 мин на 200 степени.
Може да се прелие со 3-4 јајца измешани со млеко и да се допече .

Зеленчук во тава

Се сецка 1 кромид (покрупно) и се става во тепсија.
Тука се додаваат 5-6 чешниња лук,4-5 моркови исчистени и исечени на кратки стапчиња,пола главица целер исечен на коцкици,1 пашканат исечен на коцкици,една тиквица исечена на поголеми коцки,1 кг излупени и на парчиња исечени компири,2 пиперки,бибер,куркума,ким,оригано и сол.
Може да се додаде модар патлиџан претходно излупен,исечен на коцки ,посолен и откако ќе отстои со сол исцеден од водата што ја пушта.

Се потура со маслинов зејтин,се промешува и се додава 200 мл вода.
Се пече на 200 степени повеќе од пола саат ,додека омекнат компирите.

Ослиќ на пареа

Се остава малку да одмрзне осличот и се вадат прво кожата а потоа и ситните коски.
Се посолува, се става во метална цедалка која се става на тенџере во кое има вода и се става на оган.
Врие водата додека не омекне убаво рибата.

Свински врат со свежа зелка

Материјал:
1 кг свински врат исечен на кременадли-има околу 5 парчиња (Свежо месо а не пушено)
1 свежа зелка околу 1,5 кг
1 кромид
1 главица лук ( 5 чешниња лук)
 малку зејтин
1/2 тегла патлиџани или кечап.
бибер,вегета,куркума,сол,оригано, ловоров лист.

Се запржуваат кременадлите од двете страни малку да поруменат.
Во друго  поголемо тенџере се запржува кромидот со малку зејтин.
Тука  се додава исецкана зелка и се пропржува малку.
Се додаваат зачините и патлиџанот ,се промешува и се истура во пекач.
Врз зелката се ставаат 4-5 ловорови листа и се редат кременадлите.
Се додава 200 мл вода се покрива со капак и се пече околу 1,5 час на 200 степени без да се меша.

Saturday, November 25, 2017

Шпагети со мелено месо

1кг мелено месо

1 пакет шпагети

кромид,кечап и зачини.

Се запржуваат 2-3 главици кромид со мелено месо,а шпагетите се варат .
Се ставаат половина од варените шпагети во подмачкан плех .
Се става меленото месо ,се додаваат зачини ,се прелива со кечап а потоа уште половина од варените шпагети.
Се прелива со кечап.
Се пече околу 45 мин на 200 степени.

Saturday, October 14, 2017

Брокули со компир

Се вари и пасира 1 кг компири.
Во солена вода се бари 1 брокула ( на цветови).
Во пасираниот компир се додаваат 3 јајца,200 мл павлака,150 гр рендан кашкавал,сол ,бибер и зачини по вкус.
Се сипува во подмачкан пекач половина од смесата со компири.Над тоа се реди процедена брокулата.Потоа се става  втората половина од смесата со компири.
Од горе се ренда кашкавал и се пече на 200 да порумени.

Печени пастрмки

Се чистат и мијат пастмки,
-се редат во плех обложен со хартија,
-се посолуваат од  внатре и
- се печат на 180 степени околу 40 минути.

Ќофтиња во рерна

Се зема 1 кг мелено месо (1/2 кг јунешко месо и 1/2 свинско месо) .
Се додаваат:
2 јајца,
1сецкан кромид,
1 главичка чистен и гмечен лук,
2 lazici brasno, 
2 ренданi морковi, 
магдонос,бибер,сол,мелен ким.
Се меси и се прават плескавици кои се редат во плех на хартија .
Се печат на 200 stepeni ,45 минути.

Kromidot, lukot i morkovot moze da se seckaat vo secko. 

Потпечени тиквици и потпечени модри патлиџани.



1 тиквичка се сече на кругови(може со кора) и се реди  во подмачкана тепсија , или обложена со хартија.

Се мешаат 70 гр кашкавал рендан,100 гр павлака,1 чешне гмечен лук
магдонос,копар,сол.
Се потпекува.

За потпечени модри патлиџани се лупат патлиџаните,се сечат на кришки по должина и се посолуваат.Стојат така да ја пуштат темната течност и се редат на хартија за печење;се потураат со малку зејтин и се потпекуваат да омекнат.
Уште полесно и подобро е ако се потури со зејтин тепсија и во неа се редат модрите патлиџани така што прво се ставаат на зејтинот од едната страна а потоа се превртуваат од другата страна и се става тепсијата во рерна на 200 степени да омекнат патлиџаните.