Saturday, October 16, 2010

Дроб сарма

Се Дроби и вари џигер од јагне
( сплината не се сече затоа што поцрнува ,туку се јаде варена).

Се обарува 1 шољичка ориз и се меша.

Се става кошуљицата во тенџере,се истура филот и се завиткува.
Може да се прицврсти со чачкалици или да се сошие.

Се посипува со вода и се потпекува во рерна.

Фаша ќофте

1 кг кромид се пржи да омекне,па се додава
1 лажица црвен пипер ,сол,вегета и топла вода да се покрие.

Се става во тавче па се ставаат од горе припремени ќофтиња
од 1/2 кг мелено месо ,1 јајце и зачини.

Се загрева малку зејтин,му се додава пипер и се прелеваат ќофтињата.
Може измеѓу да се стави црвена сува пиперка и лукче.

Се потпекува во рерна.

Џигери од јагне

I начин
Се варат џигери од јагне и се сецкаат.

Се додава бела запршка од 1 лажица брашно
и малку загреан зејтин и проврива.

Се меша 1 чаша јогурт со 2 жолчки и се додава постепено
мешајќи да не се згрутчи.

II начин

Се варат џигери од јагне и се сецкаат.
Се запржува млад кромид,се додава брашно 1 лажица,
се попржува и се меша со варен џигер.
( Може да се додаде и ориз и да се вари).
Потоа се додава постепино 1 матено јајце.

III начин

Се варат џигери од јагне и се сецкаат.

Се запржува и млад кромид и се додава исецкан или изрендан  морков,
 малку целер и млад лук  и  малку се пропржува.
Се додава водата во која се варел џигерот и се  вари да омекне морковот.
Се додава бибер, сол, магдонос и зачин по желба.

Во една тегла се  става 1 јајце,1 лажица брашно и 1 чаша јогурт.На миксерот се става едната маталка и се вклучува за да се измати содржината во теглата.

 Се додава  матената содржина во чорбата и се меша  додека проврие.

Елбасан тава

Се пече јагнешко и се вади на тањир.

Во маснотијата што ја пуштило се додаваат 5 јајца
измешани со 1/2 кг кисело млеко и се потпекува.

Пред крај се враќа јагнешкото.

Јагнешка чорба

Се вари јагнешко и се ситни .

Се прави бела запршка(во малку загреан зејтин
се става 1 лажица брашно и кратко се пропржува.

Се мати едно јајце со 1 чаша јогурт и се додава.

Може да се додаде малку фиде.

Ќофтиња во сос

Се запржува кромид,на кој се додава
мелено месо,јајце трошки леб,
може рендан морков,магдонос,
бибер сол и други зачини по желба.
Се прават ќофтиња.
 Се пржат во зејтин.

Во зејтин се запржува малку брашно,
се додава сок од патлиџан и лук.
Врие ,а потоа се додаваат ќофтињата да повријат околу 20 мин
при што ќе омекнат.
Ќофтињата може да се доварат и само со кечап затоа што со брашно повеќе треба да се меша за да не загорат.

Се служи со пире од компири.

Friday, August 6, 2010

Пржени филети

Се матат 2 јајца и се додава црн пипер.

Филетите се посолуваат,побиберуваат, се валкаат
во брашно,се мачкаат со сенф па во јајце .

Во тава се загрева зејтин и се пржат.

Се меша сенф,оцет бибер,маслиново масло,
се додава на обарен спанаќ и се меша.

Смесата се става на чинија и на неа филети,
лимон и патлиџан .

Филети од риба

Во земјена тава се става:
1 лажица путер
рендан лук,
филетите од риба,
сецкан кромид,патлиџан,
пиперки на кругови,маслинки,
оригано,сол,
магдонос,ловор по вкус,
малку бело вино и вари 10 мин (откако ќе зоврие)
покриено на рингла.

Пржена риба

Одмрзната и исцедена риба се посолува
се валка во брашно и се пржи во врел зејтин.

За додаток може крем од лук:

Се толчи лук,
Се натопува и цеди средина од леб,
се додава малку зејтин и се меша со лажица или миксер.

Tuesday, June 15, 2010

Посна тава

Се запржува кромид и кога ќе омекне се додава,зелена сецкана пиперка и
се пржи уште малку, па се додава 1 лажичка црвен пипер,сецкан црвен патлиџан
се меша да омекне и се додава ориз ( 1 шољичка за 1 човек).

Се додаваат сецкани моркови ,компири ,грашок ,тиквица и вода .
Се ставаат и зачини,сол бибер,магдонос и др и се става во
тепсија па во загреана рерна да се вари .

II начин

Во тепсија се сецкаат:
1 кромид,моркови,тиквица,целер,компири,пиперки,лук и се потураат со сол,копар,бибер и маслинов зејтин.
Се измешуваат состојките и се додава 1 чаша вода.Се пече во загреана рерна на 220 степени, при што се промешува повремено додека омекнат компирите. При крај може да се додаде магдонос и брокули.

Леќа

Се запржува кромид и 3 чешниња гмечен лук.
Се додава 1 лажиче црвен пипер,а потоа 3 чаши вода.

Кога ќе зоврие се додава исчистена и измиена леќа ,1 лист ловор,1 лажица сушено нане,малку мелен ким,малку бибер ,малку сол,1 лажица вегета и 10 мин пред крај  1 чаша варен патлиџан или кечап.
 
Често се меша и ако е потребно се дотура вода.

II начин

Се става леќа во ладна вода ,се додава сушена пиперка и
се вари да омекне.
Кога е готова се прави запршка од малку зејтин во
кој се пропржува еден исецкан кромид (кога ќе омекне
кромидот се додава малку вода и се динста додека испари ) ,
а потоа се додава:
1 лажица брашно ,се меша малку ,па се додава 1/2 лажица пипер
и веднаш се истура кај леќата.
Се додава и 1 чаша сос од патлиџан,
сол,бибер,нане ,лук и се меша да поврие уште малку.

Monday, June 14, 2010

Пирошки

1 квасец стасува со 2 лажици млеко малку шекер и 1 лажица вегета или сл. Се меша 300 гр брашно,150 мл млако млеко,2 жолчки,квасецот малку ракија.Стои 30 мин и се расукува кора која се сече во правоаголници 8*4 и се филува. Фил: Една кисела павлака,исецкана шункова салама,бибер,магдонос, Се прават пирошки и се пржат во врел зејтин.

Панцероти

1 кг брашно,1 стасан квасец со млака вода 1 лажица брашно и 1 лажица шекер
се меси со 1/2 л млака вода (може млеко),2 лажици ракија,2 шољички зејтин,
1 лажица сол 1 лажиче шекер.Стасува 30 мин.
Се дели на 45 топчиња кои се сучат во кругови.Може да се филуваат со
пропржено и зачинето мелено месо,со кечап и сирење,или со пасиран компир
со кромид и бибер.
Се преклопуваат притискаат на краевите и се пржат.
Може на краевите да се премачка со зејтин.

Тава со зеленчук

Во 3 лажици зејтин пржи главица сецкан кромид и додај
3 лажици брашно,пипер па веднаш 500 гр сецкани домати и залиј
со 4 дл приготвена месна супа.
Додај 1 главица крупно сецкан кромид,300 гр карфиол,150 гр брокула,
тиквички на тркалца,2 лажици пире од домати.
Поклопи и печи на 190, 30-40 мин.
Пред послужуваље прелиј со 2 дл павлака и малку црвен пипер.

Риба амур

Одмрзната риба амур од вечер се полни со сецкан магдонос,лук,кромид,моркови.

Се премачкува со оцет и сол.

Другиот ден вака подготвената се премачкува со зејтин па со пиво и се пече.

10 мин пред крај пак се полива со пиво.

Ќофтиња од компири

800 гр компири се варат и се гмечат или мелат.
Се додава 50 мл зејтин
80 гр кашкавал
50 гр кромид
40 гр брашно
2 јајца,малку магдонос
сол,црн пипер.
Се меша ,се прават ќофтиња се валкаат во матено јајце
па во презли или брашно и се пржат.

Тиквички во тава

Се рендаат 2 тиквици па се додаваат,
4 јајца +4 лажици зејтин + 4 лажици гриз + 1 павлака + сол
и се пече во подмачкана тепсија.

Компири со спанаќ

Се варат компири , се прави пире и се натапкува во подмачкана тепсија. 

 Спанаќ се обарува во врела вода се сецка ,се посолува и се реди над компирите. 

 Од горе се ренда кашкавал и се потпекува.

Тикварник

Се лупи тиква и сече на коцки и се вари во тенџере.
Жолтиот сок што ќе се исцеди се собира се меша со 2-3 јајца ,
шекер,чаша млеко , 1 лажичка црвен пипер .
Се става заедно во подмачкана тепсија и се пече.

Посна сарма

Се ставаат листови зелка во посолена врела вода во која има и малку оцет и вријат.
Кога ќе омекнат се префрлаат во длабок сад со ладна вода.

Се запржува 2 струка сецкан праз,му се додава 1 лажица пипер,бибер сол,нане,толчени ореви по желба, ориз,( 1 шољичка кафена за 1 човек),

Се виткаат сарми , се редат во тенџере ,се додава врела вода
и се варат на тивок оган додека омекне оризот.

Уште подобра е ако се прави со кисела зелка која ја има во зимскиот период.

Летна манџа

Се запржуваат сецкани зелени пиперки (кои се посолуваат) додека омекнат и се додаваат сецкани црвени патлиџани и врие.Кога ќе омекне се додаваат матени јајца и се меша да се сварат .

II Варијанта -посна

Се запржуваат сецкани зелени пиперки ,само малку посолени ,се додаваат сецкани
црвени патлиџани и се пржи малку.
Се лупат ,сечат на кришки, посолуваат модри патлиџани и откако ќе отстојат малку се цедат да излезе горчилото и се пржат.

Се сецкаат малку и се додаваат кај црвените патлиџани.Се пржи заедно и
пред крај се додава сецкано лукче.

Гравче во тавче

Се вари грав да омекне.Може да зоврие и да се исклучи да стои извесно време,
па потоа пак да се вклучи и да се довари.

Се запржува кромид да омекне ,се додава брашно и малку се меша
а потоа 1 лажица пипер и се додава веднаш кај варениот грав,
кој се истура во тепсија се посолува и му се додава вода ако треба за да поврие малку.
Може да се стави уште во почетокот кромидот да се вари со гравот,
а може исто во почетокот на варењето да се стави сува црвена пиперка.
Се става во загреана рерна да се потпече а при крај му се додава некое чешне лук ,малку кечап, ѓумбир,нане и зачини по желба.

Ќофтиња од тиквици

Се вади семето ,па се рендаат 2 тиквици и се цедат колку што може.

Се додаваат зачини сол,бибер,ким,презли или брашно (9 лажици),1 чаша гриз
може и урда или рендано сирење за да бидат поровки,2-3 јајца ,1/2 лажиче сода бикарбона,магдонос
и потоа се пржат во врел зејтин, во кој се става со лажица од смесата
која се замазнува малку за да се обликува ќофтето.

Брза пица

3 чаши брашно,
1 чаша јогурт,
1/2 чаша зејтин,
1 лажиче сол,
1 пециво.
Се замесува тесто,се расукува,и се става во плех на хартија за печење.
Од горе се става кечап,оригано,и намирници по желба.
Може на пр. да се ставаат квадрти кашкавал и врз секој тенко кругче тиквица.

Мусака со варени јајца и компири

Се варат јајца
Се лупат и сецкаат компири на кругови
Во подмачкана тепсија се реди ред компири,
(се посолува малку и побиберува секој ред)
ред сецкани на кругови варени јајца,ред урда или сирење и пак компири.
Се додава вода да ги фати компирите, и се пече.
Пред крај се полева со млеко или павлака и се потпекува

Млади компири- потпечени

Се лупат мали млади компири и се потпекуваат во подмачкана тепсија.
Кога се малку запечени ,се поливаат со малку вода и додадено 2 китки сецкан магдонос и се допекува.Пред крај се додава сецкан лук по желба.

II варијанта за млади мали компири

Се лупат мали млади компири,се ставаат во подмачкана тепсија ,се посолуваат
се потпекуваат и пред крај се поливаат со смеса од јајца и млеко и се допекува.

Поховани тиквици ( II варијанта мусака)

Се лупат и сецкаат на потенки кругови тиквици.
Се валкаат во матено јајце ,во брашно или презли и се пржат во зејтин.
Се ставаат на чинија со салфетка за да ја впие маснотијата.

II варијанта

Може да се искористат ако се помалку пржени за мусака со тиквици,така што се става еден ред во тепсијата тиквици ,врз нив запржено месо со кромид ,пипер ,зачини и малку ориз.
( или соја трошки претходно натопени со вода да набобрат) ,а од горе пак тиквици.
Се додава вода малку 1/2 чаша и се става во загреана рерна.
Пред крај се полива со 2 матени јајца во кои е додадено млеко.

Боранија

Се мие боранија и се отсекуваат краевите,и се дели на 2-3 дела секое парче.

Кромид се запржува во малку зејтин ,се додава една сецкана пиперка и се пропржува и кога ќе омекне се додава 1 лажичка пипер и вода , а потоа боранијата.

Се вари да омекне и пред крај се додава сос од патлиџани или кечап,
лук,магдонос,вегета или слично.
Може да се испржи свеж патлиџан и да се додаде место кечап.

Макарони со буковка

Една тегла печурки буковка се сецкаат и се пржат со путер.
Се додава по малку хопла,бибер, пипер,лук,магдонос и вегета.

Макарони се варат така што се ставаат во врела вода
во која е додадено малку сол и зејтин.

фил:
Се матат 3 јајца и се додава рендан кашкавал и хопла,т.е слатка павлака.

Стаклен огноотпорен сад се мачка со маргарин и се реди:
ред макарони,ред печурки па малку од филот со кашкавал ( 2 пати)
Од горе се потура со филот.
Се пече.

Saturday, June 5, 2010

Свински врат со зеленчук

Свински врат исечен на кременадли кои малку се чукаат и се посолуваат
се потпржува во малку зејтин малку да потцрвени и се става во тава во
која преходно има ставено компири , сецкани малку покрупно,
моркови пресечени на стапчиња,исецкан кромид,
а може и тиквици,пиперки ,патлиџан ,лук и др,

Се додава 1/2 чаша вино , 1 чаша вода,сол,бибер, ловор ,
може1 лажица брашно,1лажица пипер,кари или зачини по желба.
Се пече во покриен пекач или тепсија околу 40 мин на 220.

Maринада за дивеч

2,5 л вода
1/2 л црно вино
200 мл вински оцет
1 комплет за супа (морков,пашканат,целер,магдонос)
2 главици кромид
1 главица лук
3 ловорови листа
бибер во зрно
1 лимон

Ова се вари 50 мин и се лади.

Месото се мие,се става во лонец и се прелива со маринадата.
Најмалку да отстои 24 часа но не повеќе од 6 дена.
Потоа се вари или пече под фолија.

Thursday, March 4, 2010

Пита со печурки

1 кг кори за баклава
Фил: 250 гр кашкавал
250 гр шунка
350 гр печурки
250 гр сув врат
1 л вегета
1 л оригано бибер
1 јајце
Во лонче се меша 250ml зејтин,300 ml кисела вода,1прашок за пециво.
Секоја кора се прска со смесата,а на секоја трета се става фил.
Откако ќе се наредат корите се сече на коцки,се полева со
300 гр пресно млеко и 4 јајца
Се остава да постои 1 час ,а потоа се пече на 200.

Tuesday, February 9, 2010

Пита со брокула

Се замесува тесто од 1 кг брашно
1 јајце,
1 филџан зејтин,
1 лажица сол,
1 лажица шекер
1 стасан квасец и
1/2 л млеко.

Поткиснува тестото па се прават топчиња кои се составуваат по три
така што малку се расукуваат(колку тацна од кафена шоља)
-две се мачкаат со путер а третата се става од горе.

За филот се обарува малку брокула, се сецка ,се меша со кисела павлака
се додава лук во прав и сол.
Од составените (по 3 корички) се прават правоаголни кори кои се филуваат,
се виткаат во ролати и се ставаат за печење во подмачкан плех.

САРМА

Подготовка

2 главици кромид се запржуваат и
се додава пола килограм мелено месо кое се пржи понатаму уште малку ,
па се додава 2 лажици ориз и зачини ( сол,пипер,бибер,кари и др).
Се става 1 лажица од филот со месо врз 1 лист од кисела зелка,
Се витка сарма и се реди во тенџере каде ќе се вари
и се така се постапува додека има материјал.
Се вари околу 2 саати на тивок оган.
Може да се стави ловоров лист,а може и парчиња чадена сланина.

Monday, January 18, 2010

Лазањи

За 6 лица е потребно:
12 листа зелени лазањи (кои не се готват)
2 мали главици лук,
6 резниња кромид,
1 кг мелено месо,
1/4 зготвен сос од домати,
120 гр гриз
сирење моцарела,
1/4 павлака,
100 гр пармезан
2 јајца,масло ,сол, путер,пипер ,мајчина душица.
Се запржува кромид ,потоа се додава месото и се пропржува.
Се додава сосот од домати и се готви на ниска температура 5 мин.
Додај го лукот( исецкан),сол пипер и мајчина душица.
Во подмачкана тепсија реди лазањи и на секој ред месо и сирење.
Од горе нека биде тестенина која се полива со смеса од павлака сол и пипер.
Се покрива со алуминиумска фолија и се пече 45 мин на 180.
Се трга фолијата и пече 5-10 мин да фати коричка.

Sunday, January 17, 2010

Ролат со мелено месо

1 кг мелено месо (мешано може), 1 филџан зејтин, 2 јајца, 1/2 пециво ,4 лажици брашно (може и трошки леб), сол , вегета ,бибер.

 Се меси и се прават 2 кори на намачкана со зејтин хартија за печење. 

 Врз нив се става фил добиен од претходно сварени 2 бели меса и сецкани ситно. Се посолува и врзува со цело јајце. Во белото месо може да се стави варен и сецкан морков и кашкавал. 

 Се прават 2 ролати кои се печат.

 Со течноста што ја пуштаат се преливаат неколку пати.

Стек со орли маса

Исецкај го стекот на ленти ,намачкај го со сол,сенф,зејтин и
стави го од вечер во фрижидер.

Другиот ден ставај го во смеса од јајца,пиво и брашно и
пржи го во врел зејтин.

II начин
Одмрзнат стек се премачкува од вечер со сенф, зејтин и сол и
се пече на скара или тостер

Наут со зеленчук

1 чаша наут (оставен во вода преку ноќ па сварен)
1 кромид сецкан и пржен,1 лажиче цимет,2 моркови на кругови,
2 помали компири на коцки,1 помала тиквица,1 црвен патлиџан,
1 помал модар патлиџан олупен,исечен на коцки посолен и
отстоен да го пушти горчилото,сол бибер магдонос.
Од ова се вари манџа која се служи со варен ориз
или со варени ситни макарони.

Наут со патлиџани

Испржи кромид исечен на кришки и додај
1 лажица мед,1 лажиче ким,1/2 лажиче коријандер,1/4 лажиче цимет
и пржи уште малку.
Додај 1 конзерва лупени патлиџани и 1 чаша сварен наут
(од вечер потопен во повеќе вода затоа што нараснува).
Мешај додека патлиџаните се распаднат.
Може да се јаде со пилешко месо печено на скара.

Подварок

Се вари свинско месо со малку сол.
Се пржи во големо тенџере ситно сецкана кисела зелка.
Се ставаат во тепсија зелката и месото и
се печат во загреана рерна, мешајќи повремено .

Селско месо

1 кг месо (пола свинско,пола телешко),
(може по желба малку мелено за ќофтенца)
кромид,печурки,зејтин,зачини (вегета,лук,бибер,сол,брашно)

Се дроби ситно кромид и се запржува.
Му се додава месо исечено на коцки
(може мешано,свинско и телешко месо)
Се додава по малку вода и се динста.
По 1 саат се додаваат печурки и се динста заедно.
Може да се додадат и пржени ќофтенца.
Се прави бела запршка од 2 лажици брашно и зејтин и
се додава кај месото.
Се додава вегета,лук(2 чешниња толчени),бибер и сол и врие уште 5 мин.

(Месото може претходно да се пече на скара ,да му се додадат печурки,вода и да се динста а потоа бела запршка и зачини)

Saturday, January 16, 2010

Посна погача

600 гр брашно
1 квасец
350 мл вода
1,5 лажица шекер
1/2 лажица сол
5 лажици зејтин
сусам

Се замесува тесто од нараснат квасец и состојките кое кисне 30 мин.

Се расукува во круг и се става во подмачкана кружна тепсија.Од горе се премачкува со зејтин и се прска со сусам .
Се пече околу 25 мин,во подмачкана тепсија бр 32.

За тепсија бр 28  треба:

1/2 кг брашно,
1 квасец
300 мл млеко или вода,
1 лажица шекер,
1/2 лажица сол,
4 лажици зејтин,
сусам

Печена скуша

Се чисти скушата така што и се отсекува главата и се засекува да се извади внатрешноста.

Се мие , се посолува и се става во тепсија подмачкана со зејтин .

Се пече на 150 во покриена тепсија околу 1,5 час.